15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Новак Ѓоковиќ откри дали дуелот против Синер беше негов последен на Вимблдон во кариерата

Новак Ѓоковиќ на последните шест изданија на Вимблдон играше во финалето или вкупно одигра 10 финални дуели на најпрестижниот тениски турнир во светот. Србинот има седум трофеи, само еден помалку од рекордерот, Роџер Федерер, па затоа големо внимание привлече прашањето на еден од новинарите на прес-конференцијата после поразот од Јаник Синер, а тоа гласеше: „дали ова беше последниот меч на Вимблдон за Нова Ѓоковиќ во кариерата?“

„Би бил тажен доколку ова беше мојот последен натпревар на Вимблдон, но се надевам дека нема да биде. Планирам да се вратам тука барем уште еднаш, не планирам да ја завршам кариерата денес.“ – одговори Ѓоковиќ, на големо задоволство на тениските фанови ширум светот.

- Оглас -

Најнови вести