Новак Ѓоковиќ по пауза од три години ќе игра во финале на Австралија опен, а таму има десет учества и исто толку трофеи. Победата над Јаник Синер уште еднаш доказа дека годините не се проблем за најдобриот на сите времиња, а како што вели и самиот, мечот се играше до два часот наутро по локално време во Мелбурн.
„Чувството е нереално, игравме четири часа, до два наутро, се сетив на мечот од 2012 година против Надал во финалето. Нивото на тенисто, интензитетот, се беше на високо ниво. Ме победи петпати, му реков на мрежа ти благодарам што ми дозволи барем една победа. Многу го почитувам, ме изгура во ќош.“ – беа првите зборови на Ѓоковиќ по победата.
Србинот потоа ѝ се обрати и на публиката.
„Вие сте легенди што останавте тука до два часот наутро, не можам да ви заблагодарам на поддршката. Бевте неверојатни. Секоја година е различно, но денес мислам дека имав најголема поддршка.“ – рече Србинот.
Потоа повторно се наврати на мечот против Синер, но и го најави финалето против Алкарас.
„Не погрешив, реков дека ќе биде многу тешко, но не и невозможно. Го видов Алкарас после неговиот меч, ми рече дека му е жал што ми го одложил почетокот на натпреварот. Му одговорив дека јас сум стар човек и морам порано да одам на спиење. Се радувам што ќе играме за два дена. Сега се чувствувам како веќе да го имам освоено турнирот, но знам дека за два дена морам да играм против најдобриот во светот.“ – рече Ноавк Ѓоковиќ.

