Новак Ѓоковиќ по четврти пат избран за спортист на годината

Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја доби наградата за спортист на годината „Лауреус“. Првиот светски рекет доби повеќе гласови од Лука Модриќ, Леброн Џејмс, Килијан Мбапе, Луис Хамилтон и Елиуд Кипчоге. Во женска конкуренција наградата ја доби американската гимнастичарка Симон Билс.

За Ѓоковиќ ова е четврто вакво признание, претходно ги освојуваше во 2012, 2015 и 2016 година.

За најдобра екипа беше избрана фудбалската репрезентација на Франција за успехот на изминатиот Мундијал, додека за најголемо откритие беше прогласена новопечената шампионка на Отвореното првенство на Австралија, Наоми Осака.

Сеск Фабрегас ја имаше честа наградата за животно дело да му ја додели на Арсен Венгер.

https://twitter.com/LaureusSport/status/1097585609223430152

- Оглас -

Најнови вести