Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, загуби на единствениот тест пред почетокот на Вимблдон. Србинот е поразен од рускиот тенисер, Карен Качанов, со максимални 2-0 на егзибициски меч кој се играше на британско тло и на трева.
Мечот траеше само 83 минути, а Ѓоковиќ имаше сет поен во првиот сет, кој на крајот го загуби во тај-брејк со 7-6, односно на поени со 7-4. Вториот сет му припадна на Качанов со 6-4 благодарение на брејкот во 10-тиот гејм.