Новак Ѓоковиќ пред историска титула број 100 – денес финале во Женева против Хуркач

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ денеска ќе се сретне со Хуберт Хуркач во финалето на АТП турнирот во Женева, во меч што започнува во 15 часот.

Ова ќе биде осмиот меѓусебен дуел меѓу Ѓоковиќ и полскиот тенисер, а досега „кралот“ на светскиот тенис има максимален биланс – седум победи од исто толку натпревари.

По минатогодишното полуфинално испаѓање во Женева, Ѓоковиќ оваа сезона направи чекор повеќе, а со победа денес може да стигне и до својата јубилејна 100-та титула во кариерата – успех што го брка уште од Летните олимписки игри.

Финалето во Женева доаѓа непосредно пред вториот гренслем турнир во сезоната, Ролан Гарос, каде Ѓоковиќ ќе го започне настапот во првото коло против Американецот Мекензи Мекдоналд.

Победа на денешниот финален дуел би била идеален начин за српскиот тенисер да ја подигне формата и самодовербата пред настапот во Париз, каде ќе се обиде да ја одбрани титулата и повторно да испише историја.

- Оглас -

Најнови вести