Новак Ѓоковиќ сакал да игра за репрезентацијата на Монако на Дејвис купот

Бенжамин Балере, некогашниот тенисер од Монако, откри дека во една прилика Србинот Новак Ѓоковиќ му рекол дека со задоволство би играл за репрезентацијата на Малото Кнежевство на Дејвис купот. Градот Монте Карло, државата Монако, од 2007 година е дом на Ѓоковиќ и место кое го пријавува како место на живеење, секако поради причини поврзани со данокот.

„Новак лично ми кажа дека би ни се придружил во Дејвис купот. Тој го сака Монако, сака да помогне, и добредојден е“, изјави Балере.

Но, има една правна пречка за настап на Ѓоковиќ за репрезентацијата на Монако. ИТФ веќе не дозволува промена на националниот тим доколку веќе сте играле за некоја земја. Светскиот рекет број 1 цела деценија игра за родната Србија, па правилата не дозволуваат тој да заигра за Монако.

 

- Оглас -

Најнови вести