Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во полуфиналето од егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија, „Шестте крала“, за само 63 минути игра, а по мечот изјави дека неговата цел е да биде како Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс.
„Долговечноста е една од моите најголеми мотиви. Навистина сакам да видам уште колку ќе можам да играм. Ако го погледнете светот на спортот, Леброн Џејмс и понатаму е на врвот со 40 години, Кристијано Роналдо игра со 40 години, Том Бреди играше и после 40-тата, тоа е неверојатно.“ – рече Ѓоковиќ.
Србинот во својаа кариера има освоено 100 трофеи што го прави најуспешен во историјата на тенисот.