Новак Ѓоковиќ со тешка победа од 2-1 над Муњар од Шпанија дојде до четвртфинале на АТП-турнирот во Шангај, а со тоа сруши уште еден рекорд на Роџер Федерер.
Србинот сега е највозрасниот тенисер кој успеал да дојде до пласман во четвртфинале на турнир од Мастерс 1000 серијата. Ѓоковиќ до пласман помеѓу најдобрите осум дојде на возраст од 38 години и четири месеци, со што го подобри рекордот на Федерер од 2019 година.
Швајцарскиот тенисер тогаш дојде до четвртфиналето токму на турнирот во Шангај со 38 години и два месеца. Тој ги победи Вињолас и Гофин, пред да загуби од Александер Зверев.