29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Новак Ѓоковиќ утре треба да игра во Њујорк, а утринава е снимен како тренира во Црна Гора (Фото)

Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ во вторник во 17 часот по македонско време треба да настапат во конкуренција на мешани двојки на Отвореното првенство на САД, но на социјалните мрежи се појави чудна фотографија. Србинот е фотографиран во Црна Гора, во елитното одморалиште Порто Ново, како тренира, односно како трча.

Многумина се прашуваат дали Ѓоковиќ воопшто планира да игра во Њујорк или можеби од авион ќе излезе директно на терен и ќе го одигра мечот против Андреева и Медведев.

 

- Оглас -

Најнови вести