Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева дека ќе игра на ЛОИ во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран откако го повреди менискусот на десното колено на мечот против Франциско Черундоло на Ролан Гарос. Тој имаше сериозно оштетување на менискусот, повреда која мораше да се санира со оперативен зафат. Операцијата е извршена во Париз.

Сега следува трката со времето за Новак Ѓоковиќ што е можно побрзо да се рехабилитира, со оглед дека има голема желба да учествува на Олимписките игри кои почнуваат на 26 јули.

Според причните проценки, Новак Ѓоковиќ го очекува пауза од околу еден месец, а потоа полека ќе може да почне со тренинзи и враќање во натпреварувачка форма.

- Оглас -

Најнови вести