Новак ја објасни разликата меѓу Алкарас и Медведев

Новак Ѓоковиќ во утрешното финале на Отвореното првенство на САД ќе игра против Данил Медведев, кој приреди изненадување во полуфиналето и го победи првиот носител и се уште актуелен шампион, Карлос Алкарас.

Ѓоковиќ и Медведев играа во финалето на САД опен во 2021 година и тогаш славеше Русинот со што го спречи Новак да го освои календарскиот слем, односно да победи на сите гренслем турнири во една година.

„Данил е тенисер кој можеби малку е запоставен годинава поради моите мечеви со Алкарас кои ги игравме на неколку гренслем турнири. Данил освои доста турнири и играше на високо ниво, триумфира и на мастерс турнир кој се играше на земја. Тој успех не го очекуваше ниту тој самиот, но тоа е доказ дека напредува бидејќи е специјалист за игра на бетон. Многу добро ја познавам неговата игра, трениравме тука, ме победи пред две години и знам дека сака да игра на оваа подлога. Данил и Алкарас се разликуваат и по тоа што сервисот е важно оружје во играта на Медведев. тој има силен и прецизен сервис и сака да ги игра гемовите брзо и да го форсира противникот постојано да трча“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести