Новак ќе игра на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година?

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, изјави дека желбата на српскиот тенисер е кариерата да ја заврши на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година.

„Дали целта му е да го освои 25-тиот гренслем-трофеј во Австралија и потоа да се прости на ЛОИ во Париз? Тоа ќе го прашате него кога ќе дојде. Мислам дека такво нешто нема да се случи. Новак сака да игра на Олимписките игри во Лос Анџелес кои ќе се одржат во 2028 година“, изјави Иванишевиќ.

Потоа пред новинарите се појави и 36-годишниот Ѓоковиќ.

„Тоа е планот. Интереснно е тоа што го спомена, Олимписки игри. Се надевам дека ќе ја остварам целта и ќе го освојам златниот медал до крајот на кариерата. Олимписките игри доаѓаат на секои четири години и размислувам во таа насока, ако сега не ја завршам кариерата. Ако не се пензионирам во Париз, тогаш одиме до Лон Анџелес. Ќе видиме, не знам. Тоа зависи од многу фактори, најмногу од чувството во срцето и душата, односно ако имам желба и мотивација секој ден да се будам и да си кажам во ред иако сум татко на две деца кои понекогаш не ги гледам повеќе од еден месец. Ако ја имам поддршката од најблиските, тогаш ќе продолжам да играм. Само не знам до кога, сигурен сум дека оваа сезона ќе ја завршам“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести