Италијанецот Матео Беретини со одлична игра му нанесе пораз на Новак Ѓоковиќ од 7-6, 6-2 во првото коло на турнирот во Доха, Катар.
За Беретини ова е прва победа над Србинот во меѓусебните дуели, од кои најважниот беше во финалето на Вимблдон во 2021 година. Тоа беше пред четири години, а сега јасно е дека Ѓоковиќ не е истиот, има пад во формата, колку и да го негира тоа.
За Новак ова е втор пораз по ред, откако загуби пред околу еден месец, поточно се предаде против Саша Зверев во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија. За 100-тата АТП-титула најуспешниот во историјата на тенисот ќе мора да почека.