Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во изолација во хотел во Аделаида, подготовките за Отвореното првенство на Австралија му се необични, но престојот во затворен простор се обидоа да му го олеснат неговите сонародници.
Една група фанови се собраа пред хотелот и пуштаа традиционална српска музика, а Новак ги слушна и ги изненади со тоа што кога излезе на терасата, почна да го игра познатот Ужичко оро.
Погледнете го шоуто на Ѓоковиќ: