Новак објасни зошто не е пријател со Надал и Федерер

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, во интервју за една од најценетите емисии во САД, „60 минути“, ја отвори душата и зборуваше на многу теми, меѓу кои беше и таа за односот со неговите најголеми конкуренти кои заедно со него ја сочинуваат големата тениска тројка, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Интервјуто ќе се емитува во ноќта меѓу недела и понеделник, но на социјалните мрежи се појавија делови од интервјуто и меѓу нив е делот на кој Новак зборува за односот со Рафа и Рожер.

На прашањето на новинарот Џон Вертхајм, дека постои респек, но не и пријателство и дали за 10, 15 години, може сите тројца да одат на заедничка вечера, Новак одговори:

„Би сакал, навистина би сакал. Мислам дека не согласувавме најдобро надвор од терени. Засега не сме пријатели, ние сме конкуренти, ривали. Тешко им е на конкурентите да бидат многу блиски и да ги имаат увид во приватноста и животите, бидејќи тоа може да се искористи против нив. Толку години на тениската сцена и мислам дека се уште постои најголем можен респект меѓу нас. Барем тоа можам да го кажам за мене. Се надевам дека еден ден, кога ќе бидеме сите во пензија, ќе можеме да седнеме и да делиме спомени. Тоа би било интересно“, вели Ѓоковиќ.

Во интервјуто, Ѓоковиќ зборува и за негова глад за победи, за освојување на трофеи, но и за менталната сила.

- Оглас -

Најнови вести