Новак Ѓоковиќ со победата над Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, дојде до 23-та грен слем титула, а од утре повторно ќе биде светски тениски рекет број еден на АТП ранг-листата.
Од утре, на најновата ранг-листа на АТП, Ѓоковиќ ќе има 7.595 бодови, додека Шпанецот Карлос Алкарас ќе има 7.175 и ќе падне на второто место.
Новак од утре, ќе ја започне 387-та недела како светски тенисер број еден, со што ќе го подобри сопствениот рекорд во бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг-листата.