32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Новак одби да одговори дали подготвува ново изненадување во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настапот на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Париз, но медиумите не ги интересира неговиот настап, туку сосема нешто друго, на што не добија одговор.

На една од последните прес-конференции пред стартот на мастерсот, француска новинарка го праша Новак дали веќе ја подготвува јакната со број 25, мислејќи на начинот на кој тенисерот го одбележува освојувањето на гренслем-турнирите годинава.

Ѓоковиќ триумфира на Отвореното првенство на Австралија, Вилмблдон и Отвореното првенство на САД и на свечената церемонија на доделување на шампионскиот пехар се појавуваше со јакна на која го имаше бројот на освоени гренслем-титули во кариерата.

„Дадени ми се инструкции дека за тоа не смеам да зборувам во јавност. За мене тоа се убави проблеми. Ќе биде одлично ако во јануари ја освојам 25-тата титула. Имаше одлични реакции на носењето јакни и се надевам дека „Лакост“ направи доволно од нив. Среќен сум, 24 гранслем-титули, но знам дека луѓето велат ‘Ајде, одиме по 25,30 титули’. Би било одлично доколку е толку лесно да се направи тоа“, низ смеа одговори Новак.

- Оглас -

Најнови вести