19.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Новак одбраната на титулата во Мелбурн ја започнува со квалификант, во четвртфиналето е можна реприза од ланското финале

На ждрепката која се одржа утринава во Мелбурн е одлучено првиот носител Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Отвореното првенство на Австралија да ја започне со квалификант.

Новак, кој е бранител на трофејот, во второто коло би можело да се сретне со домашнот тенисер Алексер Попирин, а доколку нема изненадувања, во третото би можело да игра против Енди Мареј или Гаел Монфилс, додека во четвртото коло можни противници му се Станислас Вавринка, Роберто Баутиста Агут.

Можен противник во осминафиналето му е тенисерот кому му ја „спушти слушалката“ на Отвореното првенство на САД, Бен Шелтон, додека во четвртфиналето е можна реприза од ланското финале и дуел со Стефанос Циципас.

Како можни противници во полуфиналето се: Јаник Синер, Андреј Рубљов, Алекс де Минор.

Неговиот најголем конкурент, вториот носител Карлос Алкарас, во првото коло ќе игра против ветеранот Ришар Гаске, а потоа следни противници би можеле да му бидат Лоренцо Сонего, Јан Ленард Штруф, Миомир Кецмановиќ, Александер Зверев, Каспер Руд, Камерон Нори, додека во полуфиналето ако нема изненадувања, би можело да игра со Данил Медведев или Холгер Руне.

Кај дамите, бранителката на трофејот, Арина Сабаленка, во првото коло ќе игра против Италијанката Камила Џорџи, додека првата носителка Ига Швјонтек ја очекува дуел со Софија Кенин.

- Оглас -

Најнови вести