24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Новак одговори дали ќе игра на ЛОИ во Лос Анџелес 2028: Се возбудувам кога ќе помислам на тоа, но…

Новак Ѓоковиќ кој утринава го дозна името на противникот во второто коло на првиот годинешен Мастерс турнир од серијата 1000 кој се одржува во Индијан Велс, пред новинарите зборуваше за неговите шанси да заигра и на Летните олимписки игри во 2028 година кои ќе се одржат во Лос Анџелес.

Ѓоковиќ е свесен за своите години (36), но на тоа гледа како предизвик.

„Се е во игра, не знам уште колку ми останува… Се возбудувам кога ќе помислам на тоа, но Лос Анџелес сè уште е многу далеку. Олимписките игри се одржуваат на секои четири години, сè уште не можам да ветам дека ќе играм во Лос Анџелес.Одам година по година, ќе видам како ме служи телото и колку ќе можам да бидам посветен и мотивиран секој ден да ги правам работите кои ги правев најголем дел од животот. Станува се потешко, но и понатаму го сакам тенисот, и понатаму се натпреварувам на највисоко ниво. И понатаму сум број еден. Во овој момент чувствувам дека сакам да продолжам и ајде да видиме уште колку можам“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести