7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Новак откри дали ќе настапи на Олимписките игри во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека планира да настапи на претстојните Летни олимписки игри што идната година ќе се одржат во Париз.

Новак на Игрите во Токио загуби во полуфиналето и очекува во Париз да оди чекор подалеку, односно да го освои единствениот трофеј што му недостасува во неговата трофејна колекција.

„Се надевам дека ќе бидам здрав. Тенискиот турнир на ЛОИ во Париз ќе се игра на терените каде што се игра Ролан Гарос. Се надевам дека мојот најдобар резултат на Олимписките игри ќе го остварам токму во Париз“, изјави Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи.

- Оглас -

Најнови вести