16.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Новак отворено околу забраната да игра на ОП на САД

Новак Ѓоковиќ првпат отворено говореше околу забраната да игра на Отвореното првенство во САД бидејќи не е вакциниран против корона-вирусот.

Оваа забрана сепак не важи за американските тенисери, кои пак и без вакцина може да учествуваат, па српскиот тенисер не ја разбира логиката во овој исклучок.

„Разговарав со Тенис Сандгрен во последниве неколку дена, би сакал да му се заблагодарам за поддршката. Она што го кажа, потполно има смисла – доколку на невакцинирните тенисери не им е дозволено да учествуваат, тогаш тоа правило треба да важи за сите. Граѓанин на САД тенис може да игра без вакцина, а јас не. Можеби ми треба пасош бидејќи не гледам медицински причини да не добијам дозвола да играм. Веројатно се работи за политичка логика, но не би навлегувал во таа тема“, истакна Ѓоковиќ.

Останува неговата желба да се натпреварува на овогодишниот последен гренслем, но и да не му биде дозволено, нема да биде крај на светот за Новак. Моментално е фокусиран да ја одбрани титулата на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести