38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Новак се врати во Австралија откако во јануари беше депортиран од земјата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска пристигна во Австралија по малку помалку од една година откако беше депортиран од земјата и идната недела ќе настапи на турнирот во Аделаида, кој треба да биде загревање пред настапот на првиот годинашен гренслем, Отвореното првенство на Австралија.

За Новак ова е прво враќање во Австралија по депортацијата во јануари, кога не му беше овозможено да ја брани титулата на гренслем-турнирот што се игра во Мелбурн.

На Ѓоковиќ му беше укината визата бидејќи не беше вакциниран против ковид-19, што беше задолжителен услов за влез во Австралија, а откако го загуби судскиот спор, беше депортиран и доби тригодишна забрана за влез во земјата.

Но, новата австралиска влада минатиот месец му ја укина забраната за влез во земјата и Ѓоковиќ ќе може да атакува на десетиот трофеј на Отвореното првенство на Австралија. Првиот годинашен гренслем-турнир ќе се одржи од 15 до 29 јануари во Мелбурн.

Како загревање за Отвореното првенство на Австралија, Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од АТП 250 серијата што ќе се одржи во Аделаида.

- Оглас -

Најнови вести