Новак Ѓоковиќ во мечот против Јиржи Лехечка во Јунајтед купот, кој се игра во Перт, во еден момент се закани дека ќе го напушти теренот.
Причина за нервозата на Новак беа рефлекторите кои беа вклучени и очигледно му сметаа на српскиот тенисер.
Тој во еден момент дојде до судијата и побара да се изгасат рефлекторите заканувајќи се дека нема да го продолжи мечот.
Потоа разговараше и со супервизорот на Јунајтед купот, но на крајот одлучи да го продолжи мечот.
Тој дополнително гневот на навивачите го навлече и со барањето на медицински тајм-аути во неколку наврати поради проблемите со зглобот на десната рака.
Djokovic receiving treatment on his right wrist.
MTO between sets. pic.twitter.com/JYoLgmaPzH
— José Morgado (@josemorgado) January 2, 2024
На крајот Ѓоковиќ славеше во три сета со 6:1,6:7, 6:1 и израмни на 1-1 во победи против Чешка. Во дуелот во женска конкуренција, Маркета Вондрушова со 6:1,3:6,6:3 ја победи Олга Даниловиќ.