Новак вети дека ќе ја бодри Србија во финалето на СП, а неговиот двојник е веќе во Катар (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во неделата триумфира на завршниот Мастерс турнир во Торино, најави дека ќе оди во Катар за да ги бодри српските фудбалери во финалето на Светското првенство, но неговиот двојник веќе е на трибините на стадионите во Доха.

На снимките пред првиот натпревар на отворањето на Мундијалот меѓу Катар и Еквадор, во ВИП ложата на стадионот „Ал Бајт“ камерите уловија лице кое многу личи на Новак Ѓоковиќ. Човекот мирно седеше на своето место и ја следеше церемонијата на свеченото отворање, а носеше традиционална арапска облека, кандура.

 

Видеото со двојникот на Новак стана хит на социјалните мрежи, кои беа преполни со коментари:

„Погрешен турнир, брате. Ја промаши арената. Ѓоковиќ пред доделувањето на пехарите во Торино. Човекот успева да стигне на сите страни“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести