23.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Новак загуби 1.200 поени, но уште долго ќе биде прв на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ го претрпе својот прв пораз на Отвореното првенство на Австралија од 2018 година наваму, загуби од Јаник Синер, кој е прв Италијанец што ќе игра финале на гранслемот во Мелбурн, но Србинот и натаму цврсто го држи првото место на АТП-листата.

Со поразот денеска, Ѓоковиќ загуби 1.200 поени, па на најновата листа која ќе излезе в понеделник ќе има 9.855. Но, неговите ривали Алкарас, Медведев и Сонер, особео Шпанецот, имаат многу поени за бранење до крајот на април и тоа е нивен проблем во потерата.

Ако Ѓоковиќ игра во Индијан Велс и Мајами, и таму има барем малку успеси, првото место му е обезбедено до мај.

Медведев може да биде втор ако го освои Отвореното првенство на Австралија, а Синер би бил трет ако го освои турнирот, а Медведев го загуби полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести