19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Новата екипа во Формула 1 ќе има двајца искусни возачи

Американскиот производител на автомобили, „Кадилак“, од следната сезона ќе биде нова екипа во Формула 1 шампионатот. Раководството на екипата веќе работи на формирање на возачкиот двоец, а според специјализираните магазини, тоа ќе бидат искусните Серхио Перес и Валтери Ботас.

„Кадилак“ веќе има постигнато договор со двајцата, па сега се чека само официјалното соопштение од екипата со кое ќе се потврди соработката со Перес и Ботас. Американците за својата прва сезона се одлучија за искусен двоец, што само говори за нивните амбиции следната сезона.

Перес беше долгогодишен возач на Ред Бул, но оваа сезона остана без место во Формула 1, додека Ботас не успеа да остане во Заубер, а последниот ангажман го имаше како тест-возач на Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести