Новата европска Суперлига стартува во 2022, познати се најмалку 14 од 18-те учесници

Новата европска фудбалска Суперлига ќе почне да постои од сезоната 2022/2023, а веќе се познати и имињата на клубовите кои би учествувале во тоа натпреварување кое ќе го спонзорира Светската фудбалска федерација ФИФА. Новата Суперлига ќе биде како кошаркарската Евролига, со 18 учесници кои меѓусебе ќе играат своја лига, секој против секого во 34 кола, и потоа плејоф, а можно е да има испаѓање и вклучување на нови клубови.

Она што ги интересира навивачите е кои клубови ќе играат во таа Суперлига. Од Англија би требало да има пет тима, што значи дека нема да има место за еден од Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Арсенал или Тотенхем. Веројатно некој од лондонските тимови нема да игра.

Италија ќе ја претставуваат Јувентус, Интер и Милан. Од Шпанија сигурни се Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид. Место ќе има за Баерн Минхен и Борусија Дортмунд од Германија, како и за ПСЖ од Франција. Освен овие 14 тимови, треба да се пополнат уште четири места. Можно е Франција да има уште еден тим покрај ПСЖ, а сериозни кандидати се и Ајакс, португалските Порто и Бенфика, руските ЦСКА и Зенит, а може и Италија да добие четврти претставник со името на Рома, Наполи или евентуално Аталанта.

Останува да се реорганизира календарот, и да се реши проблемот како овие клубови ќе најдат термини за играње во домашните лиги.

- Оглас -

Најнови вести