Новата фризура на Калараш е хит!

Глеб Калараш, пикерот на Вардар, вечерва во „Јане Сандански“ се појави со сина боја на косата и изненади многумина со својот имиџ. Еден од милениците на навивачите има нова фризура.

Кога му се приклучи на Вардар, Калараш имаше кафена коса, и тоа е неговата природна боја.

Потоа се реши да ја обои косата и стане „блондинец“. Со ваква боја настапи и на ЕП, па веројатно реши да отиде подалеку.

Сега одбра многу необична боја на косата.

- Оглас -

Најнови вести