Новата генерација уште треба да учи: Осма титула за Ѓоковиќ на ОП на Австралија

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на ОП на Австралија совладувајќи го Доминик Тим во големото финале со 3-2 во сетови (6-4, 4-6, 2-6, 6-3, 6-4). Српскиот тенисер стигна до осмата титула на Гренд слемот кој се одржува во Мелбурн, за којашто мораше да го покаже целиот квалитет против разиграниот австриски тенисер.

Ѓоковиќ тргна фуриозно во воведниот сет и при водство од 4-1 јасно беше дека нему ќе му припадне. Тим потоа го засили темпото, возврати со иста мера, а потоа доби мотивација и со убедливи 6-2 во третиот сет стигна до водство од 2-1. Новак не се прераде и за 40 минути успеа да изнуди решавачки петти сет, кој потоа преку еден брејк го доби со 6-4 искористувајќи ја првата меч топка.

Со овој успех Ѓоковиќ го подобри рекордот на австралискиот Гренд слем со осмата титула, како потврда дека владее на тврда подлога. Тим во своето трето Гренд слем финале претрпе пораз, исто како на Ролан Гарос во 2018 и 2019 година од Рафаел Надал.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1223951015529107457

- Оглас -

Најнови вести