Нова година, но стари проблеми. Дуелот меѓу Лестер и Норич кој требаше да се игра утре, на првиот ден од новата 2022 година, е одложен.
Одложувањето е по барање на Канаринците, кои не може да обезбедат минимален број на фудбалери за настап (13 фудбалери и еден голман). Во редовите на Норич има голем број на заразени со Коронавирусот, плус повредени фудбалери.
Ова е втор одложен меч на Норич сезонава. Првиот беше на 18 декември кога требаше да играат против Вест хем. Лестер по трет пат нема да игра натпревар закажан во првичниот термин.
Вкупно 16 средби беа одложени во декември поради новиот бран на Коронаврусот. Според програмата, утре ќе се играат три меча од Премиер лигата, а дербито е меѓу Арсенал и Манчестер сити.