15.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Новата година нека ви започне со Среќна 13-ка на Спортска прогноза

Популарната Спортска прогноза на Sport Life и Спорт Манија и за време на новогодишните празници не мирува. Утре започнува 17 коло од третата сезона, кое е нова шанса за добивање вредни подароци.

Вкупно 13 парови се на понудата, а доколку успеете да ги погодите сите 13, односно освоите Среќна 13-ка, ќе бидете добитник на мобилен телефон Ајфон 11! Подароци следуваат и за оние кои ќе имаат по 12 и 11 погодоци. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодоци ваучерот изнесува 500 денари.

Немојте да дозволите во новогодишната еуфорија да заборавите да прогнозирате, затоа што секое коло влегува во трка за Генерален пласман, каде повторно следуваат подароци за најдобрите во текот на целата сезона.

- Оглас -

Најнови вести