1310 Селта Виго – Лас Палмас (21:00)
Селта Виго и Лас Палмас се на сосема различни позиции на табелата и со различни амбиции влегуваат во финишот од сезоната во шпанската Ла Лига. Домашните чекаат на разрешницата во Купот на Шпанија и евентуална можност да се борат за седмата позиција која би водела во фудбалска Европа, додека гостите грчевито се борат за опстанокот. Она што е интересно за нивните меѓусебни дуели е фактот дека на 12 од последните 13 натпревари одиграле со по најмалку три гола, па нема зошто да не биде така и вечерва.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.97)
3009 Верона – Парма (18:30)
Ефикасен фудбал се очекува и на мечот од Серија А помеѓу Верона и Парма. На 29-те натпревари на домашниот состав оваа сезона се постигнати 87 гола или во просек по точно три по натпревар, додека сличен просек има и Парма со 84 гола на 29 меча. Последните два меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа во корист на Верона од 3-2 и 2-1.
Предлог тип: 3+ (2.15)
3010 Лацио – Торино (20:45)
Најинтересниот дуел од денешната програма, барем за нас, е мечот помеѓу Лацио и Торино. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично откако потпиша за Торино, па сите се во исчекување на неговиот нов настап. Четири од последните пет дуели на Лацио завршуваа „гол-гол“, додека кај Торино тоа беше случај на пет од последните седум меча. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона на Торино и Лацио заврши со победа на екипата од Рим со 3-2.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.50)
1959 Ејупспор – Истанбул Башакшехир (18:15)
Головите нема да изостанат и на дуелот од турската Супер лига помеѓу Ејупспор и Истанбул Башакшехир. Двете екипи знаат да одиграат ефикасно, а за тоа говорат и поседните два меча на гостинот. Екипата од Истанбул загуби со 3-0 и 3-1, па и денес може да се очекува сличен епилог.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.35)
2214 Вашаш – Шорокшар (20:00)
Екипата на Вашаш се уште е во игра за едно од првите две позиции на табелата во втората унгарска лига, а одлична можност за победа ќе има против претпоследната екипа на табелата, Шорокшар. Домашните на последните два меча победуваа со 3-2 и 3-1, додека гостите губеа со 2-1 и 3-2, додека во меѓусебните дуели на последниот меч имаше пет гола, а на претпоследниот еден помалку.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.91)