15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Новата тактика „автобус“ му донесе победа на Мурињо, мечот го гледаше од автобус (Фото)

Рома минимално со 1:0 ја победи Специја на гости, и тоа благодарение на погодокот постигнат во 90+9 минута од пенал на Тами Абрахам. Тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо, немаше право да биде на клупата за овој меч поради суспензијата што ја доби по дуелот со Верона, кога имаше вербална расправија со судијата.

Португалскиот стратег не сакаше да биде ниту на трибините на стадионот во Специја, па реши дуелот да го следи во клупскиот автобус, кој беше паркиран пред стадионот, и тоа на лаптоп.

Покрај Мурињо, во автобусот беше и спортскиот директор Тијаго Пинто, кој исто така е суспендиран.

Мурињо во времето кога беше тренер на Челзи беше познат по дефанзивната тактика, па многумина велеа дека најомилено му е на португалскиот стратег да постави автобус пред голот на Челзи и така да ги победи противниците. Овојпат тој беше во автобусот, но пред стадионот, а неговата Рома победи токму со еден од омилените реултати во дефанзивна стратегија, само со еден постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести