Новата тениска ѕвезда е родена, се вика Кори „Коко“ Гоф (Видео)

Американската тинејџерка Кори Гоф ја порази петкратната победничка на Вимблдон, Венус Вилијамс, со 6-4, 6-4 и најави дека во САД може да бидат мирни по повлекувањето на сестрите Вилијамс бидејќи тука е талентираната Коко, како што самата сака да ја викаат.

Коко Гоф има само 15 години и стана најмладата тенисерка во последните 28 години која добила меч на лондонскиот гренд слем. Таа триумфираше против 24 години постарата Венус Вилијамс, поради која и почнала да игра тенис.

Нејзиниот успех не е преку ноќ, таа лани го освои јуниорскиот Ролан Гарос, а на главниот турнир на Вимблдон се проби преку квалификациите. Во второто коло Гоф ќе игра со Рибарикова.

Со 15 години и 122 денови, Американката стана најмладата тенисерка која успеала да се пласира на главен турнир на еден гренд слем турнир, а пред неа се уште многу рекорди кои може да ги урне за време на Вимблдон ако продолжи да игра како против сонародничката и нејзин идол.

Ова е победничкиот поен на Коко кој предизвика воодушевување кај публиката:

- Оглас -

Најнови вести