Новата топка е на „Вембли“, се чека првиот финалист, ова се можните состави на Италија и Шпанија

Италија и Шпанија вечерва од 21 часот на „Вембли“ во Лондон ќе ги вкрстат копјата во првото полуфинале на Европското првенство во фудбал, а според квотите во Sport Life, мал фаворит е Италија, најмногу поради одличната серија во која се наоѓаат Аѕурите.

Италијанците имаат низа од 13 победи по ред, а 32 меча едноподруго не знаат за пораз. Шпанија не е толку убедлива, во првите две кола се мачеше со реализацијата, но покажаа карактер и имаат стил на игра кој е незгоден за секој противник. Кој и да игра против Црвената фурија, принуден е да се брани во најголем дел од мечот.

Според најавените почетни состави, отсуството на Леонардо Спинацола веројатно ќе се покрие со Емерсон, додека на местото на повредениот Пабло Сарабија, во шпанската селекција во првите 11 е најавен Дани Олмо.

Ова се веројатните состави:

ИТАЛИЈА: Донарума, Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон, Барела, Жоржињо, Верати, Кјеза, Имобиле, Инсиње.

ШПАНИЈА: Унаи Симон, Аспиликуета, Лапорт, П. Торес, Алба, Коке, Бускетс, Педри, Ф. Торес, Мората, Олмо.

- Оглас -

Најнови вести