Во нормални услови, во овој период првенствата низ Европа ќе завршуваа, а клубовите со откривање на новите униформи ќе ја најавуаа новата сезона. Сепак, ќе мора да се почека уште некое време за тоа, но во меѓувреме ќе се потрпеме на шпекулациите и откриените фотографии од новите дресови на дел од клубовите.
Меѓу нив се најде новата униформа на Реал Мадрид, поточно дресот кој Галактикосите ќе го носат на домашните натпревари. Секако дека белата боја доминира, но новитетот кој ги подели навивачите на Кралевите е розевата нијанса на ракавите и пределот кај ребрата.
Овие дресови најверојатно првпат ќе се употребат за време на подготвителниот период пред почетокот на новата сезона, а допрва треба да се објават гостинската гарнитура дресови, како и униформите на голманите.
Real Madrid 2020-21 leaked Home Kit.
[@Footy_Headlines] pic.twitter.com/BpQamcQn7o
— Real Madrid Xtra (@RealMadridXtra) May 16, 2020