Новата ѕвезда на Барселона порачува: Подобри сме од Реал Мадрид

Бразилецот Рафиња, новото засилување на Барселона, имаше деби какво што можеше да посака. Офанзивниот фудбалер одигра 45 минути во убедливата победа против Интер Мајами и за едно полувреме даде гол, а имаше и две асистенции.

„Прекрасно е чувството да се постигне првиот гол, се надевам дека ќе продолжам да играм во овој стил. Многу е едноставно да се игра во Барселона затоа што тука сите се многу добри“, рече Рафиња по победата во првиот контролен меч во САД.

Следниот дуел Барселона ќе го игра против Реал Мадрид, а ова Ел Класико ќе се игра во Лас Вегас, а Рафиња најавува победа на каталонскиот гигант.

„Мислам дека сме подобри од Реал Мадрид. Секако дека би сакал да дадам гол затоа што тоа дополнително ја зголемува самодовербата, а посебно е убаво да се постигне гол против Реал Мадрид“, додава Рафиња.

- Оглас -

Најнови вести