30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Новата ѕвезда на Барселона со фантастичен гол го сруши Реал Мадрид (Видео)

Барселона минимално со 1:0 го победи вечниот ривал Реал Мадрид во пријателски меч одигран на неутрален терен во Лас Вегас. Само еден гол беше постигнат на мечот, а тој беше фантастичен.

Погодокот со кој Барселона го победи Реал Мадрид беше дело на Рафиња во 27 минута, кога од 20-тина метри шутираше прецизно и го матираше Куртоа.

https://twitter.com/i/status/1551049405947695104

Рафиња е фудбалерот кој летово дојде на „Камп Ноу“ од Лидс и покажува дека ќе биде вистинско засилување. За прв пат во дресот на Барселона меч одигра и Роберт Левандовски кој неодамна дојде од Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести