4.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Новески: Време е за сплотеност, лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија

На фудбалска Македонија не ѝ е потребна разединетост, туку сплотеност околу изборот на новиот селектор, порачува Николче Новески, кој се вклучи во „расправијата“ што се случува деновиве по изјавите на поранешниот селектор Игор Ангеловски.

Тој вели дека репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес.

„Мислам дека е времe за нови лица и создавање нови стручни кадри во фудбалот.
Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план.
Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби.
Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”, истакна Николче Новески.

- Оглас -

Најнови вести