Нови дерби-предизвици се дел од Спортската прогноза

Најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, го има своето 22-ро коло, а во него има нови сериозни предизвици за играчите.

Дерби-дуелите се закажани за в недела. Дел од Спортската прогноза се дерби-мечеви како Ренџерс – Селтик (од купот на Шкотска), Хајдук Сплит – Динамо Загреб, Бенфика – Порто и Милан – Интер.

Саботните двојки се Фрајбург – Леверкузен, Мајнц – Штутгарт, Волфсбург – Хамбургер, Леванте – Жирона, Нант – Анже и Оксер – Стразбур и тоа е своевидно загревање за спектаклот кој претстои в недела.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести