Нови детали од обидот за изнуда од семејството Шумахер: Се заканувале дека ќе ја објават целата медицинска документација

Германското обвинителство подигна обвинение против три лица уапсени во јуни, осомничени за обид за изнуда на семејството на Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1, кој се здоби со сериозни повреди при скијање во 2013 година во француските Алпи, пишува „Л’Екип“.

Таткото Јилмаз Т. (53) и неговиот син (30) од германскиот град Вупертал се обвинети за изнуда на 15 милиони евра од семејството на Шумахер. Тие се заканувале дека ќе објават информации, односно фотографии и снимки од познатиот возач на „dark web“, кои семејството не сака да ги види во јавноста.

Таткото и синот купиле снимки и медицинска документација кои биле украдени од вилата на Шумахерови од страна на човек кој работел во обезбедувањето. Таткото ги купил материјалите за петцифрен износ од Маркус Ф. (52), кој пет години, до март 2021 година, работел на обезбедувањето на семејната вила на Шумахерови на Боденското езеро во Швајцарија. Таму се наоѓа славниот возач по несреќата.

Поранешниот член на обезбедувањето е обвинет дека оттаму украл два хард диска со доверливи информации поврзани со состојбата на Шумахер. Вториот обвинет, Јилмаз Т. (53), кој работел како телохранител во ноќен клуб во близина на вилата, неколку пати се јавувал на семејството Шумахер од приватен број и се заканувал дека ќе ја објави документацијата.

Изнудувачите преку 30-годишниот син на Јилмаз во јуни, во преговори со сопругата на возачот на Корина, испраќале некои од датотеките преку скриена е-пошта за да докажат дека ја поседуваат документацијата и барале 15 милиони евра. Сопругата на Шумахер веднаш го пријавила случајот во полиција, која ги лоцирала и ги уапсила.

Организаторот на изнудата се соочува со 15 години затворска казна. На Јилмаз Т. за обид за изнуда му се заканува максимална казна од 15 години затвор. Неговиот син е обвинет за соучесништво и е пуштен да се брани од слобода. Поранешниот член на обезбедувањето на Шумахер е обвинет за две дела: соучесништво во обид за изнуда и нарушување на приватноста и се соочува со долготрајна затворска казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести