Нови главоболки за Гвардиола: Еден од клучните фудбалери ќе паузира околу два месеци

Се чини дека нема крај на проблемите за Пеп Гвардиола во Манчестер сити. „Гражаните“ резултатски стојат катастрофално во Премиер лигата, а загубија и од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па сега се пред елиминација. Токму на тој меч на „Етихад“ во текот на првото полувреме се повреди дефанзивецот, Мануел Аканџи, па на паузата мораше да биде заменет. Повредата на мускулот се покажа дека е сериозна, па дефанзивецот ќе отсуствува околу два месеци.

„Аканџи во сабота оди на операција. Нема да биде дел од екипата помеѓу осум и десет седмици.“ – рече Гвардиола на прес-конференцијата пред мечот со Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести