Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул, се приклучи на листата повредени играчи во англискиот шампион. Младиот англиски фудбалер се здоби со повреда на листот од десната нога, по што ќе мора да паузира најмалку четири недели.
Ова е нова главоболка за Јирген Клоп, кому веќе му недостасуваат клучни играчи како Ван Дајк, Фабињо, Тијаго Алкантара, но и Алекс Окслејд-Чембрлен.
Добро е што за време на репрезентативната пауза Фабињо и Тијаго би требало да се вратат на тренинзи, додека Трент ќе пропушти два до три меча.