Нови главоболки за Зидан, уште еден стартер оди на подолга пауза

Реал Мадрид вчера со 2:0 славеше над Валенсија, но трите освоени бода Кралскиот клуб „ги плати“ со уште една повреда. Десниот бек Дани Карвахал мораше да биде заменет уште во првото полувреме и на негово место влезе Лукас.

Шпанскиот репрезентативец во текот на целата сезона има проблеми со повреда на мускулот и сега ќе мора да паузира можеби и два месеци. Од Реал издадоа соопштение во кое само потврдуваат дека Карвахал е повреден, но не се соопштува колку долго ќе му треба за да се врати на терен.

Повредата на Карвахал е уште еден силен удар за тренерот Зинедин Зидан, кој веќе подолго време мора да игра без Серхио Рамос, Еден Азар и Родриго. Кралскиот клуб следниот меч ќе го игра на гости кај Валјадолид, а потоа на 24 февруари игра и против Аталанта, во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести