28.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Нови ковид-19 проблеми за миланските гиганти

Во викендот кој следува се враќа клупскиот фудбал на програмата, а со тоа доаѓаат и нови проблеми со корона-вирусот за клубовите. Такви непосакувани случаи се појавија во редовите на двата милански гиганти.

Милан пред неколку дена потврди дека тренерот Стефано Пиоли е позитивен, а денес е објавено дека и неговиот асистент Џакомо Мурели исто така се заразил со опасниот вирус. Двајцата не покажуваат симптоми откако се сместени во самоизолација, а Росонерите сега треба да одредат кој од стручниот штаб ќе ја води екипата во дербито против Наполи на „Сан Паоло“.

Италијанските медиуми најавија дека Даниеле Бонера ќе ја преземе обврската привремено, поранешниот милански играч кој сега е меѓу тренерите во екипата.

Во меѓувреме и градскиот ривал Интер потврди позитивен случај на ковид-19, се работи за Александар Коларов. Искусниот бек денес беше тестиран по враќањето од репрезентативните обврски со Србија, по што веднаш е ставен во самоизолација и не покажува симптоми.

 

- Оглас -

Најнови вести