Нови лоши вести за Партизан, Басконија победи во Мадрид, сега Црно-белите зависат од Ѕвезда!

Басконија лошо почна и губеше со 15 поени во првата четвртина од Реал Мадрид, но на крај Баскијците предводени од Маркус Хауард кој даде 35 поени, триумфираа во Мадрид со 95-91, и обезбедија место во плејин разигрувањето на кошаркарската Евролига.

Ова значи дека се познати девет тима кои ќе учествуваат во разигрувањето за титулата, а во последното коло ќе се одреди и десеттиот парник. Тоа ќе биде Анадолу Ефес или Партизан.

Ефес има една победа повеќе, па на Партизан ќе му треба мало чудо за да биде десетти: мора дома да ја совлада Валенсија, но и Ефес во Истанбул да биде поразен од Црвена ѕвезда. Овој вториот услов делува малку веројатен, но можеби Црвено-белите од Белград ќе му помогнат на Партизан.

Вечерва Фенер со поразот дома од Ефес одигра во интерес на турската, а поразот на Реал од Басконија е во интерес на шпанската клупска кошарка, па можеби и Ѕвезда ќе проба да помогне Србија да има свој тим во плејин разигрувањето, иако тоа би бил нивниот лут градски ривал.

- Оглас -

Најнови вести