9.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Интер се жали на лошиот терен, Лаутаро нема да игра на реваншот со Бодо/Глимт?!

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинес, се повреди синоќа на гостувањето кај Бодо/Глимт и беше повлечен од игра при 1-1, а брзо потоа норвешкиот тим даде два гола и на крајот славеше со 3-1.

Од Интер обвинуваат дека повредата на Лаутаро е предизвикана од вештачката трева, а проблемот со истегнувањето на листот на ногата доаѓа во незгоден момент, за пет дена е реваншот на кој Интер треба да брка два гола негатива.

На Аргентинецот ќе му се направат испитувања на кои ќе се знае колку ќе биде надвор од терените, а во Интер стравуваат дека Бикот не само што нема да игра со Бодо/Глимт, туку може да го пропушти и градското дерби со Милан на 8 март, кое ќе биде и директен дуел за титулата во Серија А.

Интер е лут што играше на терен што според нив ни приближно не ги исполнува стандардите на Лигата на шампионите. Повредата на нивниот капитен се должи на вештачки терен што личеше на лошо поставено ќебе со брчки на страните. Снежните врнежи од претходните денови и 80-те тони извлечени од теренот со специјална опрема од работниците на Бодо ги предизвикаа тие странични вдлабнатини, кои беа поправани рачно во часовите пред натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести