15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Неоткриени детали од трагедијата во која загина Коби Брајант

Пред речиси четири години, односно на 26 јануари 2020 година се случи трагедија во која загина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Тој, заедно со својата ќерка и уште неколку патници, се качија во хеликоптер за да стигнат на кошаркарски меч на кој требаше да игра неговата ќерка, но за жал, хеликоптерот се сруши. Сите осум патници, плус пилотот загинаа.

По долго време, сега јавно излезе обдукцијата, која покажува страшни детали и факти дека Брајант нема никакви шанси да се спаси.

По падот, хеликоптерот се запалил, но дури и да немало пожар по падот, Коби немало да се спаси. По падот на леталото, обдукцијата покажува дека Брајант доживеал тешки повреди на главата, градите и абдоменот, а од силината на ударот, дел од органите завршиле и надвор од утробата. Имал тешки повреди на двете раце, а десната му била одвоена од телото.

Со вакви повреди, јасно е дека легендарниот Коби Брајант бил мртов уште пред да се запали хеликоптерот.

 

- Оглас -

Најнови вести