Нови предизвици за играчите на Спортската прогноза, епицентарот ќе биде во Рим и Манчестер

Типувањето за новото коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, веќе започна. Играчите може да ги пополнат своите типови на нови 13 натпревари, плус два резервни пара и да се обидат да дојдат до одлични подароци од Sport Life.

Главниот предизвик ќе биде премиерлигашкото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, а овој викенд на програмата е и римското дерби помеѓу Рома и Лацио. Одлична можност бесплатно да си го пробате своето знаење.

Освен овие два натпревари, големо внимание привлекуваат и дерби-мечевите од првенствата на Португалија и Шкотска. На Пиринејскиот Полуостров ќе се одигра дуелот на Спортиг Лисабон и Бенфика, додека во Шкотска дербито Олд фирм помеѓу Глазгов ренџерс и Селтик.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести