11.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Нови проблеми во Шпанија: Одложен уште еден натпревар од Ла Лига (Видео)

Откако беше одложен мечот помеѓу Рајо Ваљекано и Овиедо поради лошиот тревник на „Ваљекас“ по обилните дождови, во Шпанија нема да се одигра уште еден натпревар кој беше планиран за денес.

Метеоролозите не дозволија одигрување на дуелот помеѓу Севиља и Жирона, откако најавија портокалова фаза на невреме проследено до силен ветер и врнежи. Севиља веднаш побара одложување, а Ла Лига и Жирона прифатија, па нивниот меѓусебен натпревар наместо како што беше предвидено да се одигра денес од 18:30 часот, ќе се игра утре во 16:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести